Sinan Uslu
03 Јули 2016•Ажурирај: 04 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Турската артилерија и коалициските воздушни сили започнаа нови напади врз позициите на терористичката организација ДАЕШ во северниот дел на Сирија, при што уништени се 21 терористички позиции, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската армија јавува декат радарските системи и извидувањето од турската граница во последните 24 часа откриле активни позиции на ДАЕШ во северниот дел на Сирија од кои терористите подготвувале ракетни напади врз Турција. Турската артилерија потоа со хаубици и други проектили ги гаѓаше и целосно ги уништи тие позиции.
Во тие напади ликвидирани се најмалку 11 терористи на ДАЕШ, уништени се две артилериски гнезда и две воени возила.
Турската артилерија веќе неколку недели од границата ги следи активностите на терористите во северната погранична област на Сирија и во согласност со ангажманот на пограничните сили ги гаѓа позициите од кои претходно, во неколку наврати, се извршени ракетни напади врз јужниот турски град Килис.
Паралелно со тоа, турските воздушни сили изведоа нови воздушни напади врз позиции на терористичката организација ПКК во планинските региони Зап и Гара во северен Ирак.
Турскиот Генералштаб соопшти дека во овие напади се погодени и уништени најмалку 27 позиции на терористичката ПКК.
Погодени се вкупно три терористички засолниште во коишто имало голем број припадници на ПКК. Сè уште не се прецизно дефинирани загубите кои им се нанесени на терористите од страна на турските авиони.
Турски бомбардери и ден претходно изведоа жестоки напади на позициите на ПКК во подрачјето на планината Кандил, во кои загинаа најмалку 38, а беа повредени седум терористи.
На официјалната страница на турскиот Генералштаб објавено е видео од воздушните напади на упориштата на ПКК.