Merve Berker,Serdar Dincel
26 Декември 2024•Ажурирај: 27 Декември 2024
АНКАРА/ИСТАНБУЛ (АА) - Турското Министерство за национална одбрана денес соопшти дека Туркије ја гледа одбранбената соработка со новата сириска администрација како важен чекор во интерес на двете земји, како и дека е важна за регионалната стабилност, јавува Анадолу.
На последниот неделен брифинг за медиумите на Министерството оваа година, портпаролот Зеки Актурк рече дека билатералната соработка со Сирија е приоритет за Туркије во однос на националната и регионалната стабилност.
„И Мунбич и браната Тишрин во Сирија се под контрола на Сириската национална армија поддржана од Туркије, а тврдењата за терористички напредок во овие области не ја одразуваат реалноста на терен“, додаде тој.