Zehra Tekeci
27 Јули 2023•Ажурирај: 28 Јули 2023
АНТАЛИЈА (АА) – Екипите на терен и понатаму се борат со шумските пожари на подрачјето на Кемер во турската област Анталија, јавува Анадолу.
Се вложуваат напори за локализирање на пожарот што во понеделникот избувна во шумското подрачје во округот Гојнук Дегирмендере.
Се прават напори пожарот да се стави под контрола по копнен и воздушен пат. Борбата со огнената стихија траеше цела ноќ.
На копното има голем број прскалки, противпожарни возила и шумски работници што се борат со огнената стихија.