Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
09 Септември 2022•Ажурирај: 10 Септември 2022
АНКАРА (АА) - Уште три брода ги напуштија украинските пристаништа во рамки на Договорот за извоз на жито склучен во Истанбул, соопшти денеска турското Министерство за национална одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според Министерството, кое не ги откри појдовните точки на бродовите ниту нивните дестинации, утринава од украинските пристаништа тргнале уште три брода со жито.
Туркије, Обединетите нации (ОН), Русија и Украина на 22 јули потпишаа договор во Истанбул за продолжување на извозот на жито од три украински пристаништа во Црното Море, кој беше прекинат од почетокот на Руско-украинската војна во февруари.
Во Истанбул е формиран Заеднички координативен центар со официјални претставници од трите земји и ОН за надгледување на испораките.
Од испловувањето на првиот брод кој според договорот исплови на 1 август, најмалку 100 брода имаат пренесено над 2,5 милиони тони земјоделски производи од Украина.