Furkan Abdula
08 Ноември 2023•Ажурирај: 10 Ноември 2023
СКОПЈЕ (АА) – Качувајќи се на балони на топол воздух, над 550.000 домашни и странски туристи од небо ја гледаа Кападокија во првите 10 месеци во 2023 година, јавува Анадолу.
Кападокија е една од најатрактивните туристички дестинации во Туркије.
Официјалните бројки покажуваат дека 556.306 локални и странски туристи во периодот од јануари до октомври оваа година ги користеле балоните на топол воздух.
Кападокија се наоѓа на листата на УНЕСКО за светско наследство и е позната по своите природни, историски и културолошки богатства.
Меѓу другото, Кападокија го привлекува вниманието на туристите благодарение на своите самовилски оџаци, долините со природни карпести формации, историските манастири издлабени во карпи, балоните со топол воздух и различни други активности.