Zeynep Beyza Kılıç
03 Јануари 2023•Ажурирај: 04 Јануари 2023
СОФИЈА (АА) - Туркије и Бугарија денес потпишаа договор за пренос до 1,5 милијарди кубни метри природен гас годишно, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Новиот договор опфаќа период од 13 години“, изјави турскиот министер за енергетика и природни ресурси Фатих Донмез при посетата на главниот град Софија, каде домаќин беше неговиот бугарскиот колега Росен Христов.
Донмез нагласи дека ваквата соработка ќе придонесе во голема мера за обезбеденоста на природен гас на Европа, заедно со Бугарија.
Договорот за гас е потпишан меѓу двете земји од страна на генералните директори на Турската корпорација за нафтоводи (БОТАШ) и Булгаргас.
Договорот доаѓа по еден месец откако лидерите на двете земји и министрите за енергетика остварија средба во Истанбул.
„Среќни сме што темите за кои се разговараше во Истанбул денеска во Софија се претворија во конкретни чекори, по помалку од еден месец од нашата последна средба“, рече Донмез.