Yusuf Soykan Bal
23 Јули 2022•Ажурирај: 24 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Република Туркије денес започна нова антитерористичка операција во источната област Битлис, соопшти Министерството за внатрешни работи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Наведено е дека во операцијата „Ерен блокада-27, шехид Баки Кочак, поручник на жандармеријата“, учествуваат 483 припадници и 38 оперативни тимови од Генералната команда на жандармеријата, Специјалните единици на жандармеријата, полицијата и другите безбедносни сили.
Операцијата е започната во руралните подрачја Салиџа и Анадера во округот Табан во Битлис со цел искоренување на терористичката организација ПКК од тоа подрачје и неутрализирање на терористите на ПКК.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата терористички организации во Туркије, Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД). За време на повеќедецениската терористичка кампања против Туркије, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.