Mustafa Hatipoğlu
17 Ноември 2022•Ажурирај: 17 Ноември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со Бенјамин Нетанјаху, претседателот на партијата Ликуд и мандатар за формирање на новата Влада на Израел, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според она што се наведува во соопштението на Дирекцијата за комуникации на Кабинетот на турскиот претседател, Нетанјаху телефонски му се јавил на Ердоган и му изразил сочувство за неодамнешниот терористички напад во Истанбул.
Нетанјаху, исто така, рекол и дека посредничките напори на Туркије меѓу Русија и Украина се важни за целиот свет.
Ердоган изрази благодарност до Нетанјаху за поканата и пораката со сочувство.
Турскиот претседател, исто така, изрази желба резултатите од изборите во Израел да бидат корисни за таа земја и за целиот регион.
Тој истакна дека благодарение на силната волја на двете страни, влегле во нова ера во односите меѓу Туркије и Израел.
Ердоган додаде дека во заеднички интерес на двете земји е да продолжат да ги зајакнуваат односите, почитувајќи ги заедничките интереси.