Barış Seçkin
18 Ноември 2021•Ажурирај: 18 Ноември 2021
РИМ (АА) - Министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Соулу, во италијанскиот главен град, Рим, се состана со потпретседателот на Владата на Хрватска и министер за внатрешни работи, Давор Божиновиќ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Средбата на Сојлу со Божиновиќ одржана е во зградата на Амбасадата на Република Турција во Рим. Разговорот траеше околу еден час, но беше затворен за медиуми.
Според информациите до кои стигна новинарот на АА, во текот на состанокот се зборувало за прашањата против нелегалните миграции, соработката во областа на борбата против тероризмот и областа на катастрофи и вонредни ситуации.
На Сојлу во текот на денот во Рим ќе му биде врачена награда од Парламентарните собранија на Медитеранот (ПАМ) за мобилната апликација на Министерството за внатрешни работи на Турција под називот „Итна поддршка на жените - КАДРЕС“.