Diyar Güldoğan
10 Јуни 2023•Ажурирај: 11 Јуни 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, денеска во Истанбул го прими претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), Александар Чеферин, јавува Анадолу.
Состанокот е одржан зад затворени врати во комплексот на истанбулскиот аеродром „Ататурк“, а засега не се објавени детали од разговорот.
Средбата се одржа пред финалето на Лигата на шампиони на УЕФА, кое вечерва ќе се одигра помеѓу Манчестер Сити и Интер на Олимпискиот стадион „Ататурк“ во Истанбул.