Uğur İslamoğlu
04 Јули 2022•Ажурирај: 05 Јули 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 19 осомничени лица кои се поврзани со терористичката организација ДЕАШ се приведени во Истанбул, соопштија турски безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Приведувањата беа извршени во истовремени операции на 20 локации низ градот, при што антитерористичките тимови од 20 осомничени приведоа 19, изјавија изворите кои побараа анонимност.
По преостанатиот осомничен полицијата сè уште трага.
Туркије беше една од првите земји што ја прогласи ДАЕШ за терористичка организација.
Оттогаш, во земјата се извршени повеќе напади од страна на терористичката организација, и тоа 10 самоубиствени бомбашки напади, 7 бомбашки и 4 оружени напади во кои загинаа 315 луѓе, а повредени беа стотици.
Како одговор на тоа, Туркије започна антитерористички операции во земјата и во странство за да спречи понатамошни терористички напади.