Турција

По бројноста на населението Истанбул зад себе остави 131 земја

Во 2018 година бројот на населението во Турција изнесува 82.003.883, а 18,4 отсто од населението живеат во Истанбул.

Zeynep Kahveci  | 18.03.2019 - Обновена : 19.03.2019
По бројноста на населението Истанбул зад себе остави 131 земја

АНКАРА (АА) – ЗЕЈНЕП КАХВЕЏИ -

Истанбул е најнаселениот град во Турција со популација од 15.067.724 жители. Истанбул, по бројот на населението, зад себе остави 131 земја во светот, пишува Anadolu Agency (AA).

Според истражувањата на АА, врз основа на податоците од Заводот на статистика на Турција и Фондот за население на Обединетите нации (UNFPA), во 2018 година бројот на населението во Турција изнесува 82.003.883, а 18,4 отсто од населението живеат во Истанбул.

Населението на Истанбул за 5 години се зголеми за 907.257 лица. Во овој период, населението се зголеми за 6,4 отсто, и денес изнесува 15.067.724. Истанбул, по бројноста на населението, зад себе остави 131 земја од вкупно 204 земји во светот. 

Земјите како Белгија (11,5 милиони), Грција (11,1 милиони луѓе), Австрија (8,8 милиони), Швајцарија (8,5 милиони луѓе) и Бугарија (7 милиони луѓе) по бројноста на населението заостануваат зад Истанбул.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.