Arife Yıldız Ünal
18 Април 2021•Ажурирај: 19 Април 2021
АНКАРА
Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, вчера свечено го отвори мостот „Хасанкејф-2“, во југоисточниот турски град Батман, кој е еден од најдолгите мостови во земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган преку видеоконференција присуствуваше на свеченоста на отворањето на мостот на реката Тигрис, што ги поврзува Батман и Мидјат и воедно претставува решение за преминување на браната во тој регион.
Мостот, долг 1.001 метар, стана еден од најдолгите мостови на подрачјето на Турција. Станува збор за мост направен по стандард на автопат, а содржи премин и за пешаци.
Мостот, со максимална висина на столб од 90 метри и максимален распон од 168 метри, изграден е во хибриден дизајн.