Başak Akbulut Yazar,Uğur İslamoğlu
15 Ноември 2022•Ажурирај: 16 Ноември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Во рамки на истрагата за неделниот терористички напад на терористичката организација ПКК на улицата Истиклал во Истанбул, во кој загинаа шест лица, а 81 беа ранети, приведени се 50 лица, а утврдено е дека терористката одговорна за нападот, Ахлам Албашир, планирала да избега во Грција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Истрагата за терористичкиот напад што се случи на улицата „Истиклал“ продолжува под координација на двајца заменици-главни обвинители и осум јавни обвинители во Истанбул.
Во истрагата, во која досега се приведени 50 лица, меѓу кои и осомничената Ахлам Албашир, приведени и се и некои работници на текстилната работилница во која осомничената извесно време работела за камуфлажа.
Во рамки на истрагата утврдено е дека на денот на инцидентот, осомничените Амар Ј. и Јасир К. ги довеле терористката Алхам Албашир и пребегнатиот осомничен Б. во Бејолгу и ги оставиле во близина на плоштадот. Осомничените Јасир К. и Б. подоцна се вратиле во квартот Есенлер.
Терористката Ахлам Албашир, откако го извршила нападот, го повикала Јасир К. и побарала „да ја земе“, на што Јасир К. одговорил: „Полицијата е насекаде, не можам да дојдам.“ Албашир потоа тргнала со такси до Есенлер.
Утврдено е дека осомничениот Ахмет Ј. ја однел Ахлам Албашир од Есенлер во неговата куќа во Ќучукчекмеџе и дека планирал да ја прошверцува во Грција.
Ахмет Ј., кој не успеал да го спроведе планот за трансфер во Грција, не бил дома кога полицијата упаднала и ја пронашла, а потоа и ја привела терористката Албашир.
Наведено е дека еден од осомничените Амар Ј., го однел пребегнатиот осомничен Б., кој престојувал во истата куќа со терористката Ахлам Албашир, во Едрене за да го испрати во Бугарија, а потоа се вратил во Истанбул.
Продолжува криминалистичката истрага за 50 осомничени, а меѓу нив се и Амар Ј. и неговиот брат Ахмет Ј., кои се меѓу последните уапсени во досегашниот дел од истрагата.