Cankut Taşdan
03 Октомври 2022•Ажурирај: 04 Октомври 2022
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили неутрализираа седум терористи на ПКК/ЈПГ кои се подготвувале за напад во областите опфатени со антитерористичките операции во северниот дел на Сирија, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за одбрана на Туркије се наведува дека продолжува одлучната борба против тероризмот и терористите каде и да се.
Наведено е и дека турските вооружени сили неутрализирале седум терористи на ПКК/ЈПГ кои подготвувале напади во областа опфатена со операцијата „Штитот на Еуфрат“ во северна Сирија.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, којашто се наоѓа на листата на терористички организации во Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца и доенчиња.