Турција

На светската сцена ќе биде претставен турски авион „Hurjet“

За потребата од авиони за обука и блиска поддршка, Турција го дизајнираше авионот „Hurjet“. Авионот е во потполност подготвен локално, од прототип, до неговата конструкција.

Göksel Yıldırım  | 14.07.2018 - Обновена : 16.07.2018
На светската сцена ќе биде претставен турски авион „Hurjet“

Ankara

АНКАРА (АА) - Ѓоксел Јилдирим

За потребата од авиони за обука и блиска поддршка, Турција го дизајнираше авионот „Hurjet“. Авионот е во потполност подготвен локално, од прототип, до неговата конструкција. За потребата од авиони за обука и блиска поддршка, Турција го дизајнираше авионот „Hurjet“. Авионот е во потполност подготвен локално, од прототип, до неговата конструкција.

Компанијата „Турска воздухопловна и вселенска индустрија“ (TUSAŞ), самостојно, со сопствени извори, успешно напредува во Развојниот проект на авион за авиообука и блиска поддршка.

Во проектот е завршена фазата на концептуален дизајн и преминато е на прелиминарна фаза. Додека се одвиваа овие активности, изработен е „статичен прототип“ на „Hurjet“. Со претставување на „прототипот“, претставени се реалните физички димензии на авионот од прелиминарната фаза во неговото дизајнирање.

Прототипот, кој е развиен на високо ниво, јасно го прикажува дизајнот на авионот. Во кокпитот на прототипот се користи вистинска авионска опрема која е на база на контрола со движење. Кај прототипот, освен моторот, некои погонски системи и системот за лет, речиси сите останати системи се оригинални, со намалени функции.

По прелиминарниот дизајн, ќе се премине на активности околу дизајнирањето детали на авионот. Пробните летови ќе се извршат по 48 месеци од почетокот на проектот, односно, планирани се за 2023 година.

- Ќе биде презентиран со локална муниција

Статичниот модел на „Hurjet“, за првпат ќе биде претставен на Саемот за меѓународно воздухопловство „Farnborough“ во Англија, кога и ќе се прикаже пред светот проектот „Hurjet“.

На Саемот ќе биде претставен моделот на „Hurjet“, обоен со дигитална камуфлажа, а на опашката од моделот е поставен орел, симболот на турскиот народ и турското воено воздухопловство. Заедно со „Hurjet“, ќе бидат презентирани и Пакетот за чувствително наведување - 82, развиен од страна на TÜBİTAK SAGE, Пакетот за раководење со крила, првите турски национални воздушни проектили „Ѓокдоган“ (Gökdoğan) и „Боздоган“ (Bozdoğan), и ласерските пакети за наведување MK-81 и MK-82, и L-Umtas.


- Ќе може да изведува и полесни напади

Авионот е со должина од 13,4 метри, распон на крила од 11 метри и висина од 4 метри.

Во рамките на проектот „Hurjet“, ќе биде изработен модел со напредно ниво на обука. Покрај тоа, на авионот ќе може да се додаде оружје, со што ќе добие оперативност и втора функција. На тој начин ќе бидат задоволени потребите на турските воздухопловни сили од млазен авион за развој, лесен борбен авион кој ќе може да се користи за блиска воздушна поддршка.

Борбените активности на „Hurjet“ се за обезбедување сигурност, со подготвување на оперативната околина и отворање коридор на главните борбени авиони. Невооружениот и вооружениот модел „Hurjet“ ќе се користат за активности во пограничните предели.

Понапредната верзија на авионот ќе поседува кокпит и компјутер на должности. Во време кога започнува употребата на 5-тата генерација на авиони, „Hurjet“ е дизајниран со цел да ги обучува токму нејзините пилоти.

„Hurjet“ ќе биде опремен со напреден радар и чувствителен систем за наведување, а благодарение на врската за податоци, ќе бидат намалени заканите и ризиците во комуникација во воздух и со копно.

Во развивањето на проектот разгледани се опциите на модел со два и модел со еден мотор и извршени се проценки на голем број параметри. На крај се интензивирани работите околу верзијата на „Hurjet“ со еден мотор. Овој тренд се рефлектира и врз статичниот прототип.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.