Shpetim Hiseni
12 Јуни 2026•Ажурирано: 12 Јуни 2026
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со турскиот министер за трговија, Омер Болат, во Истанбул, пренесува Анадолу.
Како што објави Муцунски на американската социјална мрежа X, на средбата се разговарало за актуелните економски трендови меѓу двете земји, можностите за зголемување на трговската размена и перспективите за нови инвестиции.
Тој наведе дека двете страни ја потврдиле заедничката посветеност за натамошно зајакнување на економските односи и унапредување на соработката меѓу бизнис-заедниците.
Муцунски додаде дека било договорено оти посилната економска соработка придонесува не само за поблиски билатерални односи, туку и за поголема регионална поврзаност, стабилност и просперитет.
Инаку, министерот Муцунски престојува во Истанбул како дел од делегацијата од Северна Македонија, во која е и премиерот Христијан Мицкоски, за Бизнис-форумот Турција-Северна Македонија, организиран од Одборот за надворешни економски односи на Турција (ДЕИК).