Emin Avundukluoğlu
23 Мај 2019•Ажурирај: 24 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Турската владејачка партија денес претстави Нацрт-закон во Парламентот кој ќе го намали периодот на служење на воениот рок од 12 месеци до 6 месеци и ќе ја направи перманентна можноста за плаќање на воената обврска за оние кои можат да си го дозволат тоа, јавува Anadolu Agency (AA).
„Според Законот за новата воена служба, периодот на воениот рок ќе биде намален на 6 месеци, а можноста за плаќање на воената обврска ќе стане перманентна“, изјави за новинарите Мехмет Муш, заменик-претседателот на пратеничката група на Партијата за правда и развој (AK Parti).
Од турските граѓани, според Нацрт-законот ќе се бара да поминат едномесечна воена обука и тие ќе бидат ослободени од останатиот петмесечен воен рок со плаќање на 31.000 турски лири (5.024 долари).
За овој нацрт-закон се очекува да биде дискутирано во Големото собрание наредната недела откако ќе помине низ Комисијата за планирање и буџет.