Mehmet Fatih Aslan,Yasin Dikme
11 Ноември 2020•Ажурирај: 12 Ноември 2020
ШАНЛИУРФА
Патнички автобус кој превезувал патници со потекло од Ирак се преврте во подрачјето на турската област Шанлиурфа. Во оваа несреќа животот го загуби едно лице, а 28 се повредени, известува Агенција Анадолија (АА).
Според добиените информации, автобус со ирачки регистерски таблички кој се движел од турскиот град Мардин кон Шанлиурфа паднал во ровот покрај патот.
Во несреќата се повредени 29 ирачки државјани кои со возилата на брзата помош се префрлени во повеќе локални болници. И покрај сите напори на медицинскиот персонал на универзитетската болница Харан, едно лице кое било во тешка состојба им подлегнало на повредите.
Се дознава дека патниците во автобусот биле лица кои од ирачкиот град Сулејмание за туристички цели патувале кон турскиот град Самсун.