Etem Geylan
25 Декември 2018•Ажурирај: 25 Декември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Турската хуманитарна организација ИХХ во првата етапа достави хуманитарна помош за 7.500 лица на подрачјето кое е погодено од цунами во Индонезија, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Организацијата е соопштено дека е започната хуманитарна акција, откако на 22 декември брегот на теснецот Сунда го погоди цунами, чија причина е вулканска активност.
Во првата етапа е пратена помош во вид на храна и хигиенски потреби.
Оваа Хуманитарна организација рака за помош пружи и пред два месеца, кога Индонезија ја погодија земјотрес и придружно цунами. Тогаш беше доставена помош за 51.500 лица.
Најмалку 429 лица загинаа од ударот на цунамито кое на 22 декември го погоди брегот на теснецот Сунда во Индонезија.
Портпаролот на Агенцијата за управување со вонредни состојби (BNPB), Сутопо Пурво Нугрохо, соопшти дека за време на катастрофата се повредени 1.400 лица. Се трага по 128 исчезнати.
Во земјотресот со јачина од 7,5 степени и придружното цунами во заливот Палу на островот Сулавеси во септември загинаа повеќе од 2.000 лица, а околу 1.500 се исчезнати.