Diyar Güldoğan
09 Јануари 2018•Ажурирај: 10 Јануари 2018
АНКАРА (AA) – Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган денеска во Анкара изјави дека уредувањето и структурата на Босна и Херцеговина се внатрешно прашање на таа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ситуацијат во БиХ е врамена од Дејтонскиот договор. Моменталната структура и уредувањето на БиХ е нејзино внатрешно прашање. Трилатералниот механизам, најпрвин состанокот на министрите за надворешни работи, а потоа и на лидерите на трите држави е со цел да дадеме позитивен придонес. Меѓутоа, да се говори во овој момент ќе биде вака или онака или нешто да се прогнозира во врска со некои идни чекори, мислам дека не е исправно", рече Ердоган по состанокот со претседателката на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ.
Претседателот на Република Турција Ердоган изјави дека трилатералниот состанок на министрите за надворешни работи на Турција, Хрватска и Босна и Херцеговина ќе биде одржан во текот на наредниот месец, а после тој состанок ќе следува самит на лидерите на трите земји.
Истакна дека во текот на средбата со хрватската претседателка станало збор и за прашањето на борбата против тероризмот.
„Со претседателката на Хрватска разговарав и за прашањето на борбата против тероризмот. Во таа смисла, со поддршка на нашите пријатели, вклучувајќи ја и Хрватска, ќе продолжиме со активностите за да биде уништен коренот на терористичката организација ФЕТО на просторите на Балканот. Изразувам благодарност во таа смисла", рече Ердоган.
Додаде и дека е постигната согласност за дополнително јакнење на соработката помеѓу двете земји.
„Се согласивме во поглед на дополнително јакнење на соработката помеѓу Турција и Хрватска", рече Ердоган.
Истакна дека во текот на состанокот со претседателката на Хрватска е разговарано и за билатерални односи на полето на економијата, трговијата, културата и политиката, како и за регионалните и глобалните прашања, вклучувајќи ја Сирија и Ирак.
Грабар-Китаровиќ изјави дека нејзината посета на Анкара била многу корисна и конструктивна.
„Двете земји немаат никакви меѓусебни проблеми, но секако нашите односи можеме дополнително да ги зајакнеме", рече Грабар-Китаровиќ.
Изрази уверување дека трговската размена помеѓу Хрватска и Турција може да се зголеми на милијарда долари. Додаде и дека нејзината земја е подготвена да пружи секаква поддршка на БиХ на нејзиниот пар кон членството во Европската унија (ЕУ).
Инаку, Колинда Грабар Китаровиќ престојува во еднодневна посета на Анкара. Денешниот состанок на Грабар-Китаровиќ и Ердоган е втор по ред за помалку од две години.