Enes Kaplan
11 Мај 2021•Ажурирај: 11 Мај 2021
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, разговараше со јорданскиот крал Абдула II и со емирот на Кувајт, шеикот Навафор ал Ахмед ал Сабах, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Дирекцијата за комуникации при Кабинетот на турскиот претседател соопшти дека соговорниците во одделните телефонски разговори ги осудиле израелските напади врз Ал-Акса и врз Палестинците.
Во разговорот со јорданскиот крај Абдула II Ердоган истакнал дека нехуманите израелски напади врз Кудс (Ерусалим), Ал-Акса и Палестинците се насочени против сите муслимани, и дека соработката меѓу Турција и Јордан е важна во контекст на запирање на тие напади и злосторства.
Во телефонскиот разговор со емирот на Кувајт, шеикот Навафор ал-Ахмед ал Сабах, турскиот претседател Ердоган порачал дека соработката меѓу Турција и Кувајт е важна за запирање на подлите израелски напади врз Кудс, Ал-Акса и Палестинците, како и за осигурување на адекватна и ефективна реакција на меѓународната заедница против тие напади и за обезбедување помош на Палестина.