Semra Orkan
03 Февруари 2018•Ажурирај: 04 Февруари 2018
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган разговараше телефонски со францускиот претседател Емануел Макрон, а една од темите беше операцијата „Маслинова гранка", која турските сили ја спроведуваат на северот на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите на АА од извори блиски до Кабинетот на претседателот на Турција, Ердоган и Макрон разговарале за операцијата „Маслинова гранка", Конгресот за национален дијалог на Сирија, но и за билатералните односи на двете земји.
Ердоган нагласи дека неговата земја нема намери кон територија на било која земја и подвлече дека целта на операцијата „Маслинова гранка" е да се исчисти регионот на Африн од терористичките елементи на ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ.
Турскиот претседател исто така го информирал францускиот колега за терористичките напади на ПЈД/ЈПГ, поточно за ракетните напади кои терористите ги изведоа на турските градови Хатај и Килис.
Двајцата лидери се согласија дека во наредниот период ќе одржуваат блиски контакти кога станува збор за транзицискиот процес во Сирија, но и за други регионални теми.