Diyar Güldoğan
07 Јули 2026•Ажурирано: 07 Јули 2026
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и првата дама Емине Ердоган денес приредија прием и официјална државна вечера во чест на шефовите на држави и влади и нивните сопруги и сопрузи што присуствуваат на 36. Самит на шефови на држави и влади на земјите членки на НАТО во главниот град Анкара, јавува Анадолу.
Ердоган и првата дама ги пречекаа шефовите на држави и влади и нивните сопружници на скалите од главната зграда на Претседателскиот комплекс, поздравувајќи го секој гостин поединечно пред да се фотографираат.
За време на пристигнувањето на лидерите, воениот оркестар на турските вооружени сили изведе традиционални маршеви.
Американскиот претседател Доналд Трамп покажа дека ужива во изведбата, давајќи знак со палецот нагоре во знак на благодарност додека свиреше оркестарот „Мехтер“.
Самитот во Анкара ги собра лидерите на Алијансата од 32 земји членки, како и клучните партнери за да разговараат за капацитетите за одбрана на Европа, целите за одбранбени трошоци на Алијансата, воената модернизација и континуираната поддршка за Украина.
Средбата во Анкара е втор сСамит на НАТО чиј домаќин е Турција, по самитот во Истанбул во 2004 година.
Собирот, исто така, обезбедува платформа за билатерални средби меѓу Турција и сојузничките земји за политичка, безбедносна и економска соработка.
Претходно денес Ердоган одделно се состана со Трамп, канадскиот премиер Марк Карни и неговиот фински колега Александар Стуб.
Ердоган утре ќе одржи говор на отворањето на Самитот. Подоцна Ердоган и другите лидери на НАТО заедно ќе се фотографираат.