Ferdi Türkten
06 Јуни 2020•Ажурирај: 07 Јуни 2020
АНКАРА
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, рече дека браната Јусуфели која е во изградба во турската економија ќе придонесе со 1,5 милијарди лири (околу 200 милиони евра), јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган од претседателскиот комплекс преку видео-конференција по повод изградбата на браната Јууфели, рече дека градат дела со кои ќе бидат благословени од нацијата.
„Додека светот се бори со епидемијата, ние ја доживуваме радоста со отворањето на дела кој ќе остават белег во векот“, истакна претседателот Ердоган и додаде: „Браната Јусуфели која целосно се гради од страна на турските инженери во турската економија ќе придонесе со 1,5 милијарди лири (околу 200 милиони евра)“.
Истакнувајќи дека браните имаат симболично значење во развојните предизвици на Турција, Ердоган рече дека земјата со години гледала како водите, кој се Божји дар, течат некоконтролирано.
„Изградбата на браните беа симболи на ослободителната војна. Бог да го прости Мендерес, веднаш откако дојде на власт, приоритет даде на изградбата на браните. Исто така и починатиот Демирел со години водеше политика заснована на браните. Оваа тема имаше посебно место во агендата на Ербакан, кој вложи големи напори во градењето на тешката индустрија.“, нагласи турскиот претседател Ердоган.
Посочувајќи дека покрај сите тие напори до 2003 година во Турција биле изградени 276 брани, турскиот претседател рече дека за 18 години изградиле уште 585 нови брани.
Во своето обраќање претседателот Ердоган исто така рече дека од 2003 година се изградени и 105 хидроцентрали за производство на електрична енергија.
„Браната Јусуфели која е целосно е изградена од страна на турските инженери во турската економија ќе придонесе со 1,5 милијарди лири (околу 200 милиони евра)“, нагласи претседателот Ердоган.