Tufan Aktaş,Gökhan Kavak,Mustafa Hatipoğlu,İrem Demir
26 Мај 2022•Ажурирај: 27 Мај 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - На Самитот за медиуми Турција - Африка, директорите на водечките медиумски куќи од Турција и Африка дадоа оценки за тешкотиите што ги доживува новинарството по епидемијата, јавува Агенција Анадолија (АА).
На дводневниот Самит што се одржува во Истанбул, збор зедоа значајни имиња од ТРТ, Агенција Анадолија (АА), „Дејли сабах“ (Daily Sabah), „ГНЕЦ Медија“ (GNEC Media), МСГ МЕдија“ (MSG Media) и „Стандард груп“ (Standard Group).
Членот на Управниот одбор на ТРТ, доц. д-р Огуз Ѓоксу, истакна дека за да се разберат проблемите со кои се соочуваат медиумите и новинарството за време и по епидемијата, неопходно е да се разгледаат глобалните податоци и тековните истражувања, како што се употребата на технологијата на новата генерација и интеграцијата со платформите на социјалните медиуми.
Потсетувајќи на податоците собрани од „We Are Social“ на глобално ниво, Ѓоксу рече:
„Заклучно со јануари 2022 година, 5,3 милијарди од светската популација која брои вкупно 7,9 милијарди се корисници на мобилни телефони, 4,9 милијарди користат интернет, а 4,6 милијарди се корисници на социјалните медиуми. Интернет-корисниците на возраст 16 - 64 години во просек по седум часа дневно поминуваат на интернет, од кој било уред. Времето поминато на социјалните мрежи е два и пол часа, а интернет-корисниците читаат вести и следат медиуми повеќе од два часа. Како одговор на прашањето ’Зошто најмногу се користи интернетот?‘, се истакнува дека првенствено, со стапка од 63 проценти, го користиме за пристап до информации. Затоа, сега за пристап до вести и информации на брз и едноставен начин користиме дигитални медиуми наместо традиционални медиуми. Со тоа, новите медиуми ја определуваат перцепцијата на вистината во однос на информациите, вестите, документарната и визуелната содржина. Во оваа смисла, кога ги гледаме социјалните медиуми, содржината од објавите на социјалните мрежи станаа механизам за одредување на вистината.“
Осврнувајќи се на податоците во Турција, Ѓоксу рече: „Во Турција има 70 милиони корисници на интернет и 69 милиони активни корисници на социјалните медиуми. Кога ќе ја погледнеме возрасната група од 16 до 64 години, може да видиме дека корисниците поминуваат осум часа на интернет и три часа на социјалните мрежи. Кога ќе се осврнеме на дезинформациите и манипулациите, може да кажеме дека 61 процент од корисниците на интернет, на возраст од 18 и повеќе години, информациите со кои се среќаваат на интернет ги гледаат со перцепција дека тие информации може да се лажни. Во голем процент постои сериозна загриженост дали информациите се вистина, лажни вести или искривени.“
‒ „Турција е најмногу изложена на дезинформации ‒ 49 отсто“
Потенцирајќи дека Турција е важен актер во борбата против дезинформациите, Ѓоксу рече: „Многу често се среќаваме со дезинформациски содржини. Според глобалното истражување, меѓу 37 земји, Турција е најмногу изложена на дезинформации со 49 проценти. Според глобалните податоци, 84 проценти од интернет-корисниците во Бразил, 67 проценти во Америка и 63 проценти во Британија имаат скептичен став кон податоците со кои се среќаваат на интернет.“
Ѓоксу изјави дека наместо новинарите да ја поставуваат агендата, првите изјави дадени од интернет пребарувачите се доживуваат како вистинити.
Потсетувајќи дека претседателот Реџеп Таип Ердоган овој период го нарече „дигитална диктатура“, Ѓоксу рече: „Во својот воведен говор, нашиот почитуван директор за комуникации, со пристапот кој го нарече ‘кибер-империјализам‘, зборуваше особено за тенденцијата на платформите на социјалните медиуми да не отвораат претставништва.“
‒ „Имаше сериозен процес на манипулација во периодот на шумските пожари во Турција“
Давајќи примери од Турција, Ѓоксу рече: „За време на шумскиот пожар што го доживеавме пред една година во Турција, имаше сериозен процес на манипулација со ознаката „helpturkey“. Изјавата на британскиот министер во британски весник дека ќе се отвори привремено засолниште за авганистанските нерегуларни имигранти, некои центри во Турција, веста која создаде негодувања ја пренесоа дека центри за сместување ќе се отворат и во Турција.“
Ибрахим Алтај, главен уредник на весникот „Дејли сабах“ (Daily Sabah), истакнувајќи дека луѓето се суштества со ограничени способности, рече дека имаат потреба од вести и додаде дека луѓето го обликуваат својот живот според вестите.
Посочувајќи дека вестите воглавно содржат реклами, било тоа да е скриено или отворено, Алтај рече: „Медиумските организации се живи организми исто како што се луѓето. Затоа, не можеме да очекуваме 100 проценти објективност од нив.“