Турција

Во Турција приведени над 160 припадници на ФЕТО

Од Канцеларијата на јавниот обвинител во Истанбул се издадени налози за приведување на 258 осомничени лица, вклучувајќи 216 лица од воениот персонал на активна должност

Halil Demir  | 27.04.2021 - Обновена : 28.04.2021
Во Турција приведени над 160 припадници на ФЕТО

ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 166 лица осомничени за поврзаност со терористичката организација ФЕТО се приведени во рации низ земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).

Од Канцеларијата на јавниот обвинител во Истанбул се издадени налози за приведување на 258 осомничени лица, вклучувајќи 216 лица од воениот персонал на активна должност, како дел од истрагата за инфилтрирањето на терористичката организација во Турските вооружени сили.

Преку признанија е откриено дека осомничените комуницирале со припадници на организацијата преку говорници или фиксни линии.

Лицата се приведени во операциите започнати од Истанбул, а спроведени во 66 градови низ Турција, како и во Турската Република Северен Кипар.

Акциите за да се фатат останатите осомничени се во тек.

Безбедносен извор вчера соопшти дека е започната операција против инфилтрацијата на ФЕТО во Турските вооружени сили за приведување на 532 осомничени лица низ Турција.

„Подоцна во денот, турските сили приведоа 400 од 532 осомничени“, истакна изворот.

Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во САД, го организираа неуспешниот обид за пуч во Турција на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а беа повредени 2.734 лица.

ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за уривање на државниот поредок преку инфилтрирање на своите приврзаници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.