Sinan Uslu
31 Јануари 2017•Ажурирај: 31 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили (ТВС) во 161. ден од операцијата „Штитот на Еуфрат“ спроведоа акции во северниот дел на Сирија, при што погодија 231 позиција на терористичката организација ДЕАШ и неутрализираа 30 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Генералштабот на армијата известуваат дека продолжуват акциите коишто започнаа на 24 август 2016 година со цел да се елиминира заканата од терористичките организации, првенствено заканата од ДЕАШ, зголемување на безбедноста на границата и давање поддршка на силите на коалицијата во северниот дел од Сирија.
На 161. ден од операцијата, специјални групи од опозициските елементи извршија напади врз претходно дефинирани 207 позиции на терористичката органзиација ДЕАШ. Истовремено, со гранатирање беше извршен притисок врз акциите на терористичките групи.
Одредувајќи ги позициите на терористичката организација ДЕАШ во Ал Баб, Бзагах и во Тадиф, Командата на воздушните сили изведе воздушни напади врз 24 позиции. Во воздушните операции се уништени 20 згради коишто биле користени како засолниште, 4 гаражи за возила-бомби, едно противавионско оружје и минофрлачка позиција.
- Уништен тунел што го користеле терористите -
Воздухопловните елементи на коалицијата извршија напад врз позициите на ДЕАШ во Ал Баб. Во воздушните напади е уништен тунел кој го користеле членовите на ДЕАШ.
Во текот на денот, во рамките на операцијата се извршени напади од копно и од воздух, при што се неутрализирани 30 терористи на ДЕАШ и 4 возила.
Екипите за откривање и детонација на експлозивни направи неутрализираа 43 рачно изработени бомби. Од почетокот на операцијата досега се неутрализирани 3.550 рачно изработени експлозивни направи и 55 мини.
- Споделени се видеоматеријали од операцијата -
Од друга страна, Генералштабот на армијата ги сподели видеоматеријалите од воздушните операции извршени во Ал Баб, Бзагах и во Тадиф, на кои може да се забележи моментот кога се уништуваат терористичките позиции.