İlkay Güder
29 Мај 2019•Ажурирај: 29 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Во операцијата „Канџа“, која турските сили ја спроведуваат во северниот дел на Ирак, досега се неутрализирани 15 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за одбрана на Република Турција соопшти дека операцијата започната на 27 мај 2019 година на подрачјето на Хакурк е успешно продолжена и дека се спроведува во согласност со планот.
Во акцијата во која учествуваат и припадниците на Воздухопловните сили на Република Турција, неутрализирани се уште шест припадници на терористичката организација ПКК.
„Со тоа бројот на неутрализираните терористи од почетокот на операцијата е зголемен на 15. Нашите единици продолжуваат да ги откриваат и уништуваат засолништата, пештерите и позициите на терористите на ПКК“, се наведува во соопштението.
Во објава на социјалната мрежа споделени се и видеоснимка и фотографии од пештерата во која припадниците на турските сили влегле за време на реализацијата на акцијата и продолжувањето на борбата против тероризмот.