Zeynep Yeşildal
06 Февруари 2024•Ажурирај: 07 Февруари 2024
АНКАРА (АА) - Во вооружен напад пред зградата на судот во местото Чаглајан во Истанбул, ранети се пет лица, а двајцата напаѓачи, маж и жена, се неутрализирани, потврди министерот за внатрешни работи на Туркије, Али Јерликаја, известува Анадолу.
Тој информираше дека меѓу повредените тројца се полицајци.
Министерот Јерликаја на социјалните мрежи објави дека нападот се случил на контролниот пункт пред капијата на судот.
„Убиени се напаѓачите - маж и жена. Потврдено е дека пет лица се ранети, од кои тројца полицајци.“, соопшти турскиот министер.
Јерликаја наведе дека двете лица неутрализирани во терористичкиот напад се припадници на терористичката организација ДХКП/Џ.
Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, по нападот соопшти дека еден од ранетите им подлегнал на повредите и додаде: „Одлучно ќе ја продолжиме борбата против сите терористички организации.“