Jeyhun Aliyev
28 Јануари 2021•Ажурирај: 29 Јануари 2021
АНКАРА
Висок припадник на терористичката организација ФЕТО кој беше во бегство, фатен е во Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и донесен во Турција, јавува Агенција Анадолија (ААА)
Ахмет Јигит, таканаречен „таен имам“ на ФЕТО, кој беше инфилтриран во турските безбедносни сили, беше донесен во земјата во заедничка разузнавачка операција на ТРСК и Разузнавачката служба на Турција (МИТ).
Баран за членство во турската вооружена организација, Јигит беше обвинет дека е т.н. менаџер во тајните структури на ФЕТО во турската полиција, дека е одговорен за полициските службеници поврзани со ФЕТО кои работат во јужната област Хатај и дека ја користел „БајЛок" (ByLock), шифрирана апликација за пораки за паметни телефони на терористичката група.
Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Турција ноќта на 15 јули 2016 година.
Станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД) и чија екстрадиција Турција официјално ја побара од САД.
Припадниците на терористичката организација, со години, преку местење испити напредуваа во службата, инфилтрирајќи се на тој начин во институциите на државата. Потоа, најпрвин во декември 2013 година, членовите на ФЕТО во правосудството на Турција со монтиран процес за наводна корупција се обидоа да процесуираат бројни високи функционери.
Неколку години подоцна следуваше и неуспешниот крвав обид за државен удар на терористите на ФЕТО, односно обид за пуч, што го изведоа офицерите кои ФЕТО ги инфилтрира во турската војска.
Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја во која е активна. На тоа во повеќе наврати укажуваа турските функционери. Во текот на обидот за државен удар во Турција загинаа 251, а ранети беа околу 2.200 лица.