Aykut Karadağ
03 Декември 2020•Ажурирај: 04 Декември 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека со уште двајца терористи, кои со методот на убедување се предадоа на турските безбедносни сили, вкупната бројка на терористи кои се предадоа оваа година достигна 218, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството, припадниците на сепаратистичко-терористичката организација со кампањата на убедување, која ја водат турските сили, продолжуваат да се предаваат.
Во овој контекст, како резултат на напорите за убедување од страна на Генералниот директорат за безбедност и Генералната команда на жандармеријата, под координација на Министерството за внатрешни работи, двајца припадници на терористичката организација ПКК/КЏК им се предадоа на турските безбедносни сили.
Утврдено е терористите се приклучиле во организацијата во 2014 и 2015 година, и дејствувале во Сирија.
Со тоа, бројот на оние кои избегаа од терористичката организација ПКК/КЏК и се предадоа со методот на убедување, оваа година се искачи на 218.