Zafer Fatih Beyaz
12 Август 2019•Ажурирај: 13 Август 2019
АНКАРА
Министерството за одбрана на Република Турција соопшти дека американска делегација од шест членови допатувала во Турција, во рамките на претподготовките за реализација на Центарот за заеднички операции, чии активности ќе бидат насочени кон формирање безбедна зона на северот на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството соопшти дека се започнати активностите за основање на Центарот, кој ќе биде задолжен за формирање безбедна зона на северот на Сирија, на кој ќе соработуваат турската и американската страна.
„Во тие рамки, а со цел претподготовка, делегацијата на САД составена од шест членови допатува во Шанлиурфа. Планирано е во наредните неколку дена Центарот за операциите да почне со работа“, се наведува во соопштението.