Ufuk Ertop
10 Јуни 2026•Ажурирано: 10 Јуни 2026
Амбасадорот на Северна Македонија во Анкара, Јован Манасиевски, и неговата делегација ја посетија Трговско-индустриската комора на Киркларели (КТСО), јавува Анадолу.
Амбасадорот Манасиевски, почесниот конзул на Република Северна Македонија, Есер Џевахир, и придружната делегација, за време на посетата се сретнаа со претседателот на КТСО, Сонер Илик, претседателот на Собранието на Комората, Исмаил Хаки Озсан, и членовите на Комората.
Илик во своето обраќање изрази задоволство од посетата.
Тој истакна дека посетата е важна за двете земји и за трговијата и наведе дека ќе реализираат активности за соработка.
Манасиевски, пак, изјави дека Северна Македонија секогаш е отворена за економска и трговска соработка.
На состанокот потоа беа разгледани трговските активности меѓу двете земји, како и предностите за инвестиции и трговија.