Andaç Hongur
10 Април 2018•Ажурирај: 11 Април 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Раководството на Anadolu Agency (AA) потпиша Договор за соработка со казахстанската Новинска агенција „Казинформ“, јавува Anadolu Agency (AA).
Заменик-генералниот директор на АА, Мустафа Озкаја, изрази задоволство што во Канцеларијата на АА во Истанбул е потпишан Договор кој е плод на преговорите водени во претходниот период.
Тој изјави дека Кaзахстан е земја која се простира на широко географско подрачје и земја која има длабоки културно-историски врски со Турција.
„Сакаме да ги интензивираме активностите на АА во Централна Азија. Намерата ни е да произведуваме вести за тој регион, како и вестите од тој регион да ги дистрибуираме до јавноста во остатокот од светот“, изјави Озкаја.
И првиот заменик-генерален директор на „Казинформ“, Данијар Утешев, изрази задоволство за воспоставената соработка со АА.
„Среќни сме што можеме да соработуваме со меѓународна институција каква што е Anadolu Agency . Токму како и АА, и ние наскоро славиме 100 години постоење и работа. Во фаза сме на нови напредоци и во тој контекст се радуваме и гордееме за соработката и размената на вести со АА“, изјави Утешев.
Во согласност со Договорот за соработка кој го потпишаа Озкаја и Утешев, АА и „Казинформ“ ќе разменуваат вести на турски, казахстански, англиски и на руски јазик, и ќе вршат размена на одредени фото и видеосодржини.
Договорот за соработка е сочинет врз основа на Меморандумот за соработка кој челниците на двете агенции ја потпишаа во 2014 година.
На церемонијата за потпишување на Договорот присуствуваа и шефот на Канцеларијата на АА во Истанбул, Хусеин Алтиналан, директорот за маркетинг на АА, Јилмаз Јаман, советникот во казахстанскиот конзулат во Истанбул, Бајрзан Андакманов, неговите заменици Дамир Аманбајев и Јеркегали Јелтаи, главниот уредник на „Казинформ“ за вестите на англиски јазик, Алмас Зексенбеков и директорката на Фондацијата за култура на казахстанските Турци, Анара Баижанова.