İlkay Guder
11 Септември 2016•Ажурирај: 12 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот Генералштаб соопшти дека најмалку 20 терористи на ДАЕШ се неутрализирани во синоќешниот напад од страна на турските воздухопловни сили во северниот дел на Сирија, во местото Тел ал-Хава, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се вели дека турските авиони, во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат” синоќа меѓу 19:38 и 19:44 часот извеле воздушен напад на позициите на терористите на ДАЕШ во Тел ал-Хава.
За време на нападот неутрализирани се најмалку 20 терористи, уништени се три станбени објекти како и повеќе возила користени од страна на терористите.
По успешно завршената задача авионите се вратиле во базата.