Aida Cako
20 Ноември 2025•Ажурирај: 23 Ноември 2025
СКОПЈЕ (АА) - Првото турско беспилотно борбено летало Бајрактар КИЗИЛЕМА успешно изврши историски тест-лет, во кој успешно го таргетираше авионот Ф-16 во симулирано лансирање со националната ракета воздух-воздух Ѓокдоган, јавува Анадолу.
Според соопштението издадено од Бајкар, Бајрактар КИЗИЛЕМА – развиен целосно со национални и сопствени средства – помина уште една клучна фаза што ја демонстрираше неговата ефикасност на бојното поле.
Беспилотното борбено летало полета од Центарот за обука и тестирање АКИНЏИ во Чорлу во подрачјето на Текирдаг, изведувајќи лет што траеше 1 час и 45 минути на просечна височина од 15.000 стапки.
За време на летот, леталото реализираше формациско летање со Ф-16 и ја потврди интеграцијата на националните радари и муниција. Со овој лет вкупното време на тест-летот на КИЗИЛЕМА надмина 55 часа.
Два борбени авиона Ф-16 учествуваа во тестот поврзан со муницијата Кизилема-Ѓокдоган и во тестот за перформанси на радарот МУРАД АЕСА.
Едниот авион Ф-16 леташе во блиска формација со КИЗИЛЕМА, прикажувајќи ја компатибилноста на платформата со управувани борбени авиони, а вториот Ф-16 во сценариото служеше како „целно летало“.
Како дел од тестот, КИЗИЛЕМА го детектираше и го таргетираше целниот Ф-16 на растојание од 30 милји, користејќи го радарот МУРАД АЕСЕА развиен од АСЕЛСАН.
Во симулацијата, Бајрактар КИЗИЛЕЛМА успешно ја неутрализираше високо маневрирачката цел на Ф-16 во виртуелната средина, означувајќи важен чекор за борбената способност воздух-воздух.
Бајкар го започна проектот Бајрактар КИЗИЛЕМА во 2021 година со целосно приватно финансирање. Леталото излезе од производствената линија на 14 ноември 2022 година и беше пренесеено во Центарот за обука и тестирање АКИНЏИ.
По рекордно брзо завршените копнени тестови, првиот лет го изведе на 14 декември 2022 година – достигнувајќи го небото само една година по почетокот на развојот.
Бајкар, која ги финансира сите свои проекти со приватни средства, продолжува да биде лидер во извозот на одбранбена технологија.