Abdulselam Durdak
28 Април 2022•Ажурирај: 29 Април 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ (THY) оствари нето-добивка од 161 милион долари во првиот квартал од оваа година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на „Туркиш ерлајнс“ се вели дека глобалната воздухопловна индустрија зад себе оставила две години во кои ја доживеала најтешката криза во својата историја.
И покрај ефектите од кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19 и растечките геополитички тензии во овој тежок период, „Туркиш ерлајнс“ го заврши првиот квартал од 2022 година со оперативна добивка од 163 милиони долари и нето-добивка од 161 милион долари.
И покрај сите тешкотии предизвикани од кризата со пандемијата на Ковид-19, авиокомпанијата покажа рано закрепнување во транспортот на патници во споредба со своите конкуренти и го зајакна својот бизнис во споредба со периодот пред епидемијата.