Hilmi Sever
16 Мај 2019•Ажурирај: 17 Мај 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Кошаркарската федерација на Турција, Хидајет Туркоглу, упати честитки до Перо Антиќ кој беше избран за нов претседател на Кошаркарската федерација на Северна Македонија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Честитката на Туркоглу упатена до Антиќ беше објавена на интернет-страницата на турската Кошаркарска федерација.
„Во име на Кошаркарската федерација на Турција упатувам честитки до почитуваниот Перо Антиќ кој едногласно беше избран за претседател на Кошаркарската федерација на Северна Македонија. Сакам да истакнам дека на почитуваниот Антиќ со кого имавме блиски врски за време на неговата спортска кариера, ќе му нудам секаков придонес во насока на кошарката да стане попопуларен спорт во Северна Македонија", истакна Туркоглу во неговата честитка.
„На почитуваниот Антиќ му посакувам успех во новата функција, и посакувам искуството кое го стекна за време на неговата кариера, да го користи во насока на развојот на кошарката во Северна Македонија“, се вели во честитката.
Во својата кошаркарска кариера, 36-годишниот Антиќ беше дел од Работнички, АЕК, Црвена ѕвезда, Лукоил, Санкт Петербург, Олимпијакос, Фенербахче. Од 2013-2015 настапуваше за Атланта и беше првиот Македонец во НБА лигата.
Освен освоените титули во националние првенства, Антиќ има и три титули европски шампион. Беше член на македонската репрезентација која на Еврпското првенство во 2011 во Литванија го освои 4. место.
Тој вчера на изборно собрание во Скопје едногласно беше избрана како единствен кандидат за претседател на Кошаркарската федерација на Северна Македонија.
Антиќ е деветтиот претседател на Кошаркарската федерација.