Yunus Kaymaz
12 Октомври 2023•Ажурирај: 13 Октомври 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Николо Фаџоли, е под истрага за наводни незаконски обложувачки активности, соопштија италијански правни извори, пренесува Анадолу.
„Ја потврдувам веста за истрагата“, рече главната обвинителка од Торино, Енрика Габета, во изјавата испратена по е-пошта.
Италијанскиот весник „Ла стампа“ објави дека 22-годишниот Фаџоли е вклучен во кривичната истрага против корисниците на нелегални платформи за онлајн обложување и други осомничени.
Во Италија, фудбалер за кој ќе се утврди дека се обложил на фудбалски натпревари може да биде суспендиран најмалку три години.
По позајмицата во Кремонезе во сезоната 2021/22, Фаџоли стана клучен играч во Јувентус минатата сезона.
Сезонава одигра шест натпревари во италијанската Серија А.