Dejan Maksimoviç
28 Јули 2018•Ажурирај: 29 Јули 2018
БУДИМПЕШТА (АА) - Британецот Луис Хамилтон беше најбрз во денешните квалификации и се избори за пол позиција на утрешната трка за Големата награда на Унгарија, пренесува Anadolu Agency (AA).
За време на квалификациите, постојано се менуваа сонцето и дождот, менувајќи ги и условите на патеката. Најдобро се снајде Хамилтон, кој во последните моменти од квалификациите успеа да се избори за најдобро време и да го помине клупскиот колега Валтери Ботас. Утре Мерцедес ја започнува трката со стартни позиции 1 - 2. Од третата и четвртата стартна позиција утре ќе тргнат возачите на Ферари, Кими Раиконен и Себастијан Фетел.
Пред трката во Унгарија, возачот на Мерцедес, Хамилтон, води со 188 поени, пред возачот на Ферари, Фетел, кој има освоено 171 поен. На табелата на конструктори води Мерцедес со 310 поени, а втор е Ферари со 8 поени помалку.