Mutlu Demirtaştan
25 Март 2022•Ажурирај: 25 Март 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Поранешниот четирикратен возач на Формула 1, Себастијан Фетел, ќе ја пропушти и втората трка сезонава, која треба да се одржи в недела за Големата награда на Саудиска Арабија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Германскиот возач на тимот на „Астом Мартин“ минатата недела се зарази со коронавирусот и ја пропушти првата трка во сезоната, која се возеше за Големата награда на Бахреин.
Од „Астон Мартин“ соопштија дека 34-годишниот Фетел нема да учествува ниту во трката за Големата награда на Саудиска Арабија.
Како и на првата трка оваа сезона, како резервен возач, наместо Фетел, ќе настапи Нико Хулкенберг.