Doğa Kırmızıoğlu
08 Мај 2022•Ажурирај: 10 Мај 2022
АНКАРА (АА) - Во саботната трка за пол позицијата на трката за Големата награда на Мајами во Формула 1, Шарл Леклер од Монако со болидот на Ферари го освои првото место со време од 1 минута 28,796 секунди и се стекна со право да стартува од првата позиција на трката што ќе се одржи во денес во Мајами, САД. Возачите на Формула 1 за победа на Големата награда на Мајами ќе се натпреваруваат кој набргу ќе ги извози 57-те круга на патеката долга 5.412 метри, известува Агенција Анадолија (АА).
Од втората стартна позиција ќе тргне Шпанецот Карлос Саинс, кој зад својот тимски колега заостана 0,190 секунди, додека Холанѓанецот Макс Верстапен од Ред Бул го зазеде третото место заостанувајќи 0,195 секунди зад Леклер.
Денеска во 21:30 часот по средноевропско време ќе стартува петтата трка сезонава од шампионатот во Формула 1.