Emre Aşıkçı
17 Јули 2020•Ажурирај: 18 Јули 2020
АНКАРА
Третата трка од Светското првенство во Формула 1 во сезоната 2020 ќе се вози во недела во Унгарија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Големата нагада на Унгарија ќе се вози на патеката во Будимпешта. Победник ќе биде возачот кој најбргу ќе ги извози 70-те круга на патеката долга 4.381 метри.
Квалификациите за полпозициите ќе започнат во сабота во 13:00 часот, додека трката е закажана во недела со почеток во 13:10 часот.
Финецот Валтери Ботас ја отвори сезоната, победувајќи на трката за Големата награда на Австрија, додека Британецот Луис Халимтон беше победник на втората трка која се возеше на истата патека.
Поради пандемијата на коронавирусот, публиката нема да може да присуствува на трката во Унгарија.
Табела на возачи по првите две трки сезонава во Формула 1:
1. Валтери Ботас (Финска): 43
2. Луис Хамилтон (Велика Британија): 37
3. Ландо Норис (Велика Британија): 26
4. Шарл Леклерк (Монако): 18
5. Серхио Перес (Мексико): 16
Поредок на контрусктори:
1. Мерцедес: 80
2. Мекларен: 39
3. Ред Бул: 27
4. Рејсинг поинт: 22
5. Ферари: 19