Elvir Hocic
09 Јули 2017•Ажурирај: 10 Јули 2017
ШПИЛБЕРГ (АА) - Валтери Ботас во Мерцедес ја забележа втората победа во кариерата во Ред Бул Рингот за Големата награда на Австрија пред возаот на Ферари, Себастијан Фетел и возачот на Ред Бул, Даниел Рикардо, јавува Anadolu Agency (AA).
Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, стигна на четвртата позиција, додека Кими Раиконен од Ферари на петата.
Ботас одлично стартуваше и го задржа првото место до крајот на трката, исто како и Фетел, кој стигна на втората позиција. Рикардо се искачи на третото место откако го помина Раиконен.
Фернардо Алонсо и Макс Верштапен не ја завршија трката, бидејќи завршија надвор од патеката на самиот почеток од трката, а несреќата ја предизвика Данил Квјат.
Редослед на возачи: Фетел 171, Хамилтон 151, Ботас 136, Рикардо 107, Раиконен 83, Перез 50, Верштапен 45...
Редослед на конструктори: Мерцедес 287, Ферари 254, Ред Бул 152...
Следната трка се вози на 16 јули за Големата награда на Велика Британија во Силверстоун.