Унгарците се надеваат да изненадат во Норвешка
Резултатот за преостанатите четири учесници на следното Европско првенство, кое ќе се одржи од 10 јуни - 10 јули следната година во Франција, почнува од денес????? ??????????
12 Ноември 2015•Ажурирај: 12 Ноември 2015
СараевоСАРАЕВО (АА) - Резултатот за преостанатите четири учесници на следното Европско првенство, кое ќе се одржи од 10 јуни - 10 јули следната година во Франција, почнува од денес. Првиот плеј-оф натпревар за ЕП 2016 вечерва ќе од 20:45 часот во Осло, ќе го одиграат Норвешка и Унгарија Според рејтингот норвежаните се фаворити, а многумина ќе речат и по квалитетот. Сепак, Унгарците тврдат дека им недостасува волја и знаење за да се квалификуваат за големиот натпревар, јавува Anadolu Agency (АА).
Еден ден по дуелот во Норвешка, во Зеница ќе се одигра и првиот натпревар од плејофот помеѓу Босна и Херцеговина и Република Ирска. Во сабота, на 14-ти ноември ќе се одиграт два плеј-оф натпреваир.
Во Киев ќе се сретнат екипите на Украина и Словенија, додека пак Шведска ќе и биде домаќин на Данска во скандинавското дерби. Реванш средбите ќе се одиграат од 15 ноември, кога Унгарците ќе ги дочекаат Норвежаните.
Значи, во недела навечер, ќе се знае кој е 21 учесник на ЕП. Во останатите реванш натпревари на 16 ноември, во Даблин ќе се сретнат Ирска – Босна, а на 17. Словенија - Украина и Данска - Шведска.
Сите плеј-оф натпревари за ЕП 2016 ќе се играат со почеток во 20:45 часот по централно европско време, со исклучок на средбата во Киев меѓу Украина и Словенија, закажана за 18 часа. Ждрепката за групите на Европското првенство ќе се одржи на 12 декември во Париз во 18 часот.
Покрај Франција која како домаќин директно се стекна со право на учество во завршниот турнир, преку квалификациите во европското првенство се квалификувани Чешка, Исланд, Турција, Белгија, Велс, Шпанија, Словачка, Германија, Полска, Англија, Швајцарија, Северна Ирска, Романија, Австрија Русија, Италија, Хрватска, Португалија и во Албанија, пренесува Anadoly Agency.