Платини не е на листата на ФИФА за претседателските избори
- Изборната комисија на ФИФА ги одобри кандидатурите за претседател поднесени од Џани Инфантино, Али Хусеин, Жером Шампањ, Токио СексВила Салман Бин Ибрахим ал-Калифа
????? ??????????
12 Ноември 2015•Ажурирај: 12 Ноември 2015
Женева
ЖЕНЕВА (АА) - Изборната комисија на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) го потврди кандидатурите на петте лица за избор за претседател на оваа организација, а меѓу нив ја нема пријавата на актуелниот лидер на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), Мишел Платини, јавува Anadoly Agency (АА).
Во писменото соопштение на ФИФА се вели дека се одобрени кандидатурите на генералниот секретар на УЕФА, Џани Инфантино, Јорданскиот принц Али бин Хусеин, поранешниот помошник на генералниот секретар на ФИФА, Жером Шампањ, јужноафрикански бизнисмен Токио СексВилеа и лидерите на азиската фудбалска конфедерација (АФК) Салман Бин Ибрахим ал-Калифа.
На листата на одобрени кандидатури за претседател на ФИФА не се најде дури и името на лидерот на европскиот дом на фудбалот Платини. Функционери на ФИФА не ја наведоа причината поради која не е одобрена неговата кандидатура, но само за потсетување пред извесно време му беше изречена тримесечна суспензија поради скандалот за корупција во ФИФА.
Тој беше обвинет дека во 2011 година од страна на досегашниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер примил поткуп од два милиони швајцарски франци.
Претходно, ФИФА соопшти дека кандидатурата на Платини не може да биде одобрена поради гореспоменатата суспензија за работа во фудбалските организации, истакнувајќи дека неговата кандидатура може повторно да се преиспита доколку суспензијата истече пред претседателските избори во ФИФА.
Изборите за претседател на ФИФА, ќе се одржат на 26 февруари следната година во Цирих, Швајцарија.
Платини не е на листата на ФИФА за претседателските избори