Associated Press
24 Август 2024•Ажурирај: 26 Август 2024
ЗАНДВОРТ (АА) – Се запали болидот на возачот на формула 1 Логан Сарџент за време на тренингот пред неделната трка во Формула 1 за Големата награда на Холандија, известува Анадолу.
Логан Сарџент денес доживеа тешка несреќа на тренингот за Големата награда на Холандија, оставајќи го неговиот болид во пламен со големи оштетувања и доведувајќи го во прашање неговото учество во квалификациите.
Сарџент ја загуби контролата над болидот на Вилијамс откако со тркалото згазна на влажната трева на влезот во свиокот. Болидот удрил во заштитната бариера и се запалил.
Несреќата предизвика прекин на тренингот кој се одржува во услови на дожд.
Ова е последната во низата несреќи на единствениот американскиот возач во Формула 1. Сарџент имаше несреќа и за време на трката за Големата награда на Канада во јуни, а се судри и со Кевин Магнусен на трката во Мајами што се одржа во мај. Тој имаше несреќа и на тренингот за Големата награда на Јапонија во април.
Со претходна одлука на челниците на Вилијамс, следната сезона Шпанецот Карлос Саинц Јуниор доаѓа во тимот на местото на Сарџент.