Halil İbrahim Avşar
22 Септември 2023•Ажурирај: 23 Септември 2023
БЕЛГРАД (АА) - Турчинката Бусе Тосун Чавушоглу го освои златниот медал во категоријата до 68 килограми на Светското првенство во борење што се одржува во главниот град на Србија, Белград, јавува Анадолу.
Чавушоглу во финалната борба ја совлада Монголката Делгерма Енхсаихан.
Чавушоглу е првата Турчинка со светско злато по Јасемин Адар Јигит, а за успехот во телефонски разговор ѝ честиташе и министерот за млади и спорт на Туркије, Осман Ашкин Бак.
Таа во првиот меч ја совлада Молдавката Ирина Рингачи, а во полуфиналето јапонската претставничка Ами Иши.