спорт

Рафа Бенитез заминува од клупата на Њукасл

Кон крајот на овој месец истекува договорот на 59-годишниот менаџер на Њукасл, а од клубот денес потврдија дека тоа ќе биде и крај на нивната соработка

Mutlu Demirtaştan  | 24.06.2019 - Обновена : 26.06.2019
Рафа Бенитез заминува од клупата на Њукасл

ЛОНДОН (АА) - Управата на англискиот премиерлигаш Њукасл Јунајтед соопшти дека нема да го продолжи договорот со шпанскиот фудбалски стручњак Рафаел Бенитез, пренесува Anadolu Agency (AA).

Кон крајот на овој месец истекува договорот на 59-годишниот менаџер на Њукасл, а од клубот денес потврдија дека тоа ќе биде и крај на нивната соработка.

„Страчките“ минатата сезона со Бенитез на клупата завршија на 13. место во Премиер лигата.

Бенитез во Њукасл стигна пред три години, а претходно во кариерата од клупата водеше повеќе големи клубови меѓу кои Ливерпул, Челзи, Интер, Наполи и Реал Мадрид.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.